Познат составот: Македонија во 4-4-2 со Чурлинов и Милан Ристовски во шпицот, тука е и Адеми!

1431

На нешто помалку од три часа од средбата меѓу Лихтенштајн и Македонија, познат е стартниот состав на нашата селекција. Состав кој ќе се обиде да ја оствари првата победа под водство на селекторот Благоја Милевски.

Формацијата е 4-4-2.

На голот ќе биде Димитриевски, додека во одбраната се Стеган Ристовски, Дарко Велковски, Кире Ристевски и Езџајн Алиоски. Во средниот ред Александар Трајковски на десно, Елиф Елмас на лево, додека тука се и Аријан Адеми и Стефан Спировски, во нападот младите Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

Да кажеме дека “Лавот“ Адеми по првпат ќе биде во тимот на селекторот Благоја Милевски.

ПретходноХаланд ќе потпише за „Пума“ за 25 милиони евра!
СледноПознати се 30-те фудбалери номинирани за „Златната Топка“!