Новите сопственици на англиски Њукасл ќе имаат можност да инвестираат значителна сума на средства во нови засилувања уште во зимскиот преоден рок.
Клубот кој неодамна беше купен од јавниот инвестициски фонд на владата на Саудиска Арабија, може да потроши 190 милиони фунти без да го прекрши правилото за финансиски фер-плеј.
Ова е максималната сума што новите газди на Њукасл можат да ја искористат за да доведат засилувања кои ќе го однесат тимот во горниот дел од табелата.
Благодарение на малите трошоци на поранешното раководство на „страчките“, предводени од сопственикот Мајк Ешли, оваа сума стои како опција за да се потроши, но прашање е какво ќе биде планот на Саудијците.