Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер ја одбележа првата победа под водство на селекторот Благоја Милевски. Совладан е Лихтенштајн на негов терен, со високи, убедливи 0:4 во дуел во кој нашиот национален тим, ја покажа сета своја сила, капацитет и способност, и ги обезбеди што се вели однапред впишаните бодови. Таките најтешко се освојуваат, тоа го знаеме сите, а сега откако Лихтенштајн е зад нас, следува оној посериозниот предизвик. На домашен терен на 11. октомври ја пречекуваме Германија од 20:45, во дуел кој слободно можеме да го наречеме спектакл.
Нашиот состав уште од Лихтенштајн се подготвува за тој дуел, затоа што ние сеуште се наоѓаме во базата во Швајцарија. „Националите“ во моментов одржуваат тренинг, а ќе се упатат кон Скопје во попладневните часови. Доколку се биде во ред, селекцијата ќе пристигне околу 20:00 часот.
Менуваме „база“ во Скопје
Македонската репрезентација нема да одседне во досегашната база хотелот „Хилтон“ туку ќе се пресели во онаа „Александар Палас“. Причината за тоа е што гостинот Германија резервирал престој во овој хотел, па ете ние како добри домаќини им го одстапуваме просторот.