Поинаку е дома – со публика: Гостивар го доби дербито со Куманово за прва радост

127

Екипата на Гостивар на крилата на своите верни навивачи дојде до првиот триумф во новата сезона. По поразот на гостувањето кај Еуро Никел, избраниците на Александар Јончевски одиграа одличен меч против Куманово, го совладаа со во дербито на втората рунда со 85-72.

Овој пат гостиварската гордост не препушти ништо на случајност, поведе од првата до последната минута. Отвори со 12-2, по првата четвртина беше 28-24. Веќе во следниот период стигна до плус 18 (48-30). Двоцифрената разлика Куманово само на двапати ја симна во третиот период, но во ниту еден момент не се закани сериозно. За гостите ова беше прв пораз сезонава.

Тодоровиќ и Вокру постигнаа половина од поените на својот тим, заедно реализираа 43 поени, во редовите на Куманово, Кејлеб има 15 поени.

ФОТО: КФСМ 

ПретходноВардар 1961 во финишот го урна Металург, кој дојде без Хорват
СледноKосово убедливо поразено во Шведска, Грците славеа со два гола во финишот