Хендерсон: Сакав да го убијам Луис Суарез

1332

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон призна дека не бил во добри односи со поранешниот напаѓач на „црвените“ Луис Суарез. Иако беа соиграчи, Хендерсон нема добро мислење за Уругваецот кој по престојот на „Енфилд“ замина во Барселона, а сега е во Атлетико Мадрид.

Кога од Сандерленд дојдов во Ливерпул секогаш го давав максимумот и на тренинзите и на натпреварите. Тогаш бев многу млад и имаше толку многу работи кои ги правеше Луис на тренинзите кои не ми се допаѓаа. Тој јасно зборуваше дека не сум доволно добар за да играм со него. Постојано покажуваше со прстот кон мене, како да сакаше да каже: “Што бара овој овде?“. Ме повредуваше тој гест. Еден ден не можев да издржам и избувнав. Бев решен да го убијам“, открива Хендо во подкастот „Големата игра со Џејми Карагер“.

Помина тоа. Се смирив и продолжив да работам. На следниот меч му подадов и тој даде гол. Постепено се зближивме. Научив и некои добри работи од него“, кажа англискиот репрезентативец.

ПретходноДолго чекаше гол за националниот тим, а погоди во најдобар момент! (видео)
СледноБешикташ во посета на Вардар!