Тајсон Фјури двапати падна, па по спектакуларен пресврт го нокаутира Вајлдер (ВИДЕО)

1204

Тајсон Фјури дојде до втората победа над Дионтеј Вајлдер во нивната трета меѓусебна пресметка. Првата заврши со реми, додека останатите две му припаднаа на Фјури.

Британецот до триумфот дојде по спектакуларен пресврт. Откако во третата рунда во нокдау го сруши Вајлдер, влезе во големи проблеми во следната рунда. Тој двапати се најде на подот, но успеа да се издигне и да го одбрани појасот во тешка категорија на ВБЦ со нокаут во 11-та рунда од борбата.

Вајлдер беше немоќен, не можеше да продолжи, исто како и во претходната битка настрада неговото уво, па лекарите не му дозволија да се бори. Британецот со три тешки удари го исфрли од рамнотежа Вајлдер.

 

ФОТО: MMA Junkie @MMAjunkie/TWITTER
ПретходноНавивачите во шок, Харден изгледа како да има 15 килограми повеќе (ФОТО)
СледноФјури по големата победа: Ја сум од железо и челик, Вајлдер е идиот!