Санчо друже, следниот пат ако може да успориш малку (ФОТО)

251

Синоќа во рамките од мундијалските квалификации репрезентацијата на Англија гостуваше кај Андора. Нормално победи со високи и убедливи 0:5, но ниту резултатот ниту стрелците не се тема на пост меч извештајите, туку 42. годишниот домашен дефанзивец Илдефонс Лима Сола. Тој е рекордер по број на настапи во дресот на Андора, 133. и вчера влезе од клупата во првото полувреме, но издржа само до 63. минута.

Во лавината коментари на социјалните мрежи Сола нормално направи и сопствена на своја сметка, постирајќи слика од негов дуел со играчот на Манчестер ЈУнајтед, Џејдон Санчо конемтирајќи, „Санчо друже, следниот пат ако може да успориш малку“…..

ПретходноЛеонардо: Реал Мадрид треба да биде казнет доколку постојано зборува за Мбапе
СледноПред летот за Скопје: Германиците тренираа со Нојер, но без Рудигер!