Пред летот за Скопје: Германиците тренираа со Нојер, но без Рудигер!

377

 

Експедицијата на Германија,наш ривал на утрешниот квалификациски меч за СП 2022, за Скопје со специјален чартер лет од Хамбург ќе полета во 16:15 часот. Се очекува некаде после 18:30 часот да биде во Македонија, а ќе биде сместена во хотелот “Хилтон“. И дефинитивно Германците нема да тренираат на Арената.

Тие утринскиот тренинг го одработија на теренот на стадионот на Сент Паули.Според германските медиуми на тренингот бил капитенот Мануел Нојер, додека забележително било отсуството на стоперот на Челзи, Рудигер.

Сепак кој ќе патува за Скопје ќе каже селекторот Ханси Флик кој има прес конференција во 13 часот.

 

ФОТО: DFB.DE TWITTER

ПретходноСанчо друже, следниот пат ако може да успориш малку (ФОТО)
СледноГерманците“пристигнаа“ со тони опрема, камионите се веќе пред Арената!(ФОТО)