Македонската репрезентација ја одржа официјалната прес конференција пред утрешниот историски квалификациски дуел од Мундијалската кампања против Германија на домашен терен.
Арената Тодор Проески од 20:45 часот ќе биде исполнета онолку колку што дозволуваат Ковид протоколите. Македонија има задача пред себе да обезбеди нов историски добар резултатат против една од најсилните светски репрезентации, а за тоа ни е потребен идеален меч.
„Не знам што е за мене идеален меч кога се игра против Германија. Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу утре ќе се прашува и Македонија“ – рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски па додаде.
„Не се чувствуваме опуштено, не би рекол затоа што секој меч е приказна за себе. Така да и против Лихтенштајн момците влегоа во тој меч без никаков притисок ниту опуштање. Секој натпревар е важен“ – истакна селекторот.
Младите се одлични на нив е да се наметнат и да бидат во преден план
„Имаме шест млади играчи кои се приклучени на тимот од последните У21 квалификации. Се наметнуваат, а на самите нив е да докажат и покажат колку минутажа заслужуваат. Задоволен сум од нив, повторувам на нив е да го покажат и докажат сениорскиот репрезенативен статус. Постарите да им бидат пример како се останува долг период во репрезентацијата“ – рече селекторот па поентира.
„Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една нова фаза на создавање на нов лик на репрезентацијата со крајна цел, создавање на тим кој ќе е конкутрентен и за следниот квалификациски циклус за ЕП во Германија 2024. Имаме идеи и цел, како да создадеме конкурентен тим. Имаме на располагање играчи со капацитет кои се способни да ги пренесат идеите на стручниот штаб на терен. Заодоволството кое го гледам кај нив ми дава за право да мислам дека сме на правиот пат. Навивачка поддршка секогаш ни е потребна и е нужна. Постарите играчи им се од помош на помладите, и тоа е голем плус за оваа генерација“ – вели селекторот.
Пандев недостасува но….
На прашањето дали на оваа генерација и недостасува еден Горан Пандев, кој повеќе не е дел од репрезентацијата, како и Енис Барди кој е повреден селекторот вели:
„Секако дека одуството на Пандев, а посебно во моментов на Барди се чувствува. Може да се каже дека, еве Горан повеќе не настапува за репрезентацијата, тоа е негова одлука, неговата улога во мак фудбалот е огромна и тоа е неспорно. Ситуацијата со Барди е таа што е, имавме сличен проблем и во септември. Да, ова е сосема поинаков меч од оној во Диузбург и доколку сакаме да постигнеме нешто, ќе мора да бидеме на највиоко можно ниво“ – истакна селелекторот.










