Дали теренот на Арената ќе издржи после толку дожд?

1664

На Арената и околу нејзе, се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот меч меѓу Македонија и Германија, меч од 8.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП во Катар 2022.

Се е во знакот на овој мега – дуел.

Секако дека главно прашање е дали теренот, кој се репарираше во последните три недели специјално за овој меч, ќе издржи после толку дожд кој падна во Скопје во изминатите неколку денови. Оваа фотографија е од денеска, вака на прв поглед теренот делува добро, но сепак ќе видиме каков ќе биде утре за време на мечот со “панцерите“.

Познато е дека на септемвриските мечеви со Ерменија, а посебно со Романија, тој беше катастрофа. Дури реагираа и селекторот Милевски и капитенот Ристовски. Така да мораше да се реагира.

Вечерва нашите момци од 19 часот на него ќе го одржат вообичаениот тренинг, додека Германците одлучија да не тренираат.

ПретходноФИНАЛЕ ЛН: Шпанија го скроти европскиот шампион, ќе може ли и светскиот?
СледноБотас победи на дождот во Истанбул