Деби на Вајли за Будуќност, Магдевски во победнички ритам

127

Џејкоб Вајли го одигра првиот официјален натпревар за екипата на Будуќност. Во Подгорица гостуваше поранешниот европски шампион, екипата на Сплит, а победник излезе новиот тим на Вајли, славеше со 75:66 во рамките на третото коло од АБА лига.

Вајли не беше стартер, реализираше седум поени (1/1 за три, 2/3 за два поени) и една освоена топка, за конечен успех на екипата од Подгорица (скор 2-1).

Андреј Магдевски и Плоешти ја запишаа третата победа, откако на гостински терен ја совлада Меркуреа со 63-89. Македонскиот репрезентативец постигна осум поени, четири скока и три асистенции.

ПретходноХанси Флик за „Дијамантот“: Елмас е одличен фудбалер!
СледноЈубилеј: Димитриевски против “панцерите“ по 50. пат ќе ја “брани“ Македонија!