За неколку дена Стив Брус добива отказ, кој ќе биде новиот менаџер на Њукасл?

413

Новото раководство на англиски Њукасл Јунајтед одлучи во следните неколку дена предвремено да го раскине договорот со актуелниот тренер на тимот Стив Брус. Веста ја објавија неколку британски медиуми.

Според информациите, новите сопственици сакаат Брус да си замине пред натпреварот од 8. коло во англиската Премиер лига со Тотенхем, кој ќе се одигра на 17 октомври. Англискиот стретег ќе добие 9,4 милиони евра како отштета, а асистентот на Брус, Греам Џонс, ќе биде вршител на должноста главен тренер на Њукасл за натпреварот против Тотенхем.

Како можни наследници на Брус се споменуваат Лусиен Фавре, кој во моментов е без работа, тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс, како и предводникот на Ренџерс, Стивен Џерард.

ПретходноДа потврдиме дека не беше случајно: Како Германија падна во Дуисбург (ВИДЕО)
СледноНа повидок скандал: Вајлдер го обвини Фјури дека боксувал со нерегуларни ракавици!?