Гнабри е прв стрелец, Горецка најдобар асистент, Зиле „царува“ во воздушните дуели

101

Лерој Сане и Џошуа Кимих се фудбалерите кои беа стартери на сите 7 натпревари за селекцијата на Германија во квалификациите за Светското првенство 2022. Кимих помина 593 минути на терените во дресот на „панцирите“, додека Сане имаша за нијанса помала минутажа – 557 минути. На сите седум меча играа и Гнабри и Горецка, кои беа стартери на шест меча, а еден го почнаа од клупата.

Несомнено, прв стрелец на Германија во овие квалификации е младиот голгетер на Баерн (М), Серж Гнабри, кој веќе има 5 гола зад своето име. Најдобар асистент е Горецка, кој веќе реализираше 5 асистенции за своите соиграчи. Освен што е најдобар стрелец, Гнабри е и најголем потрошувач на топки во нападот. Тој на досегашните 7 меча за Германија имаше во просек по 3,3 шутеви кон противничките голмани на натпревар. Горецка е втор на оваа листа со просек од 2,6 шута кон противничкиот гол, а трет е, интересно, Робин Госенс, кој упатил во просек по 2,3 удари кон голот на противниците во неговите само три настапи во овие квалификации.

Во скок-играта, во составот на Германија вистински командант е Никлас Зиле. Дефанзивецот на Баерн (М) на четирите досегашни настапи во првиот состав на Германија во просек имаше по 2,3 добиени воздушни дуели со противниците.

ПретходноМбапе не бил во офсајд, стигна бизарно објаснување!
СледноТурција високо не порази