Скандал: Навивач исфрлен од Индијан Велс (ВИДЕО)

281

Во моментов во САД се одржува петтиот Гренд слем турнир, Индијан Велс. Додека во фокусот е Данил Медведев, кој со победа може да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП листата, се случи интересен момент.

За време на дуелот меѓу Капсер Руд и Лојд Харис, судијата исфрли еден навивач од трибините на барање на Норвежанецот.

Додека Руд се подготвуваше за сервис, по којзнае кој пат го слушаше навивачот како провоцира. Се обрати кон судијата и побара истиот да биде исфрлен од теренот. Редарите веднаш се упатија кон трибината, пред да ја напушти истата навивачот ги фотографираше, а потоа си замина.

Руд конечно заигра, па по пресврт го совлада Харис со 6-7, 6-4 и 6-4.

 

ФОТО: TWITTER/ESPN/SCREENSHOT

ПретходноНејмар: Не ги чувствував нозете, можев да останам инвалид
СледноГорецка со комплименти: Македонија не е лош тим!