Го сакаш Халанд, а немаш пари: Барса преку Инвестициски фондови го купува Норвежанецот!

218

Не е тајна дека во Барселона е хаос, пред се финансиски. Според некои шпекулации каталонскиот клуб е во загуба од 1,5 милајарди евра. И затоа воопшто не се размислува за скапи трансфери, на скапи засилувања.

Мбапе, Халанд и останатите мега -ѕвезди засега се само мисловна именка за Барселона.

Сепак, не е се загубено. Имено како што денеска пренесуваат шпанските медиуми, Барселона добила понуда која веројатно нема и не може да ја одбие.

Имено неколку Инвестициски фондови се понудиле тие да го купат Халанд со цел Норвежанецот да дојде на “Камп Ноу“. Познато е дека следното лето тој е слободен за 75 милиони евра, проблем се неговите енормни лични барања, како и процентите за менаџерот Мино Рајола.

Понудата е тие Инвестициски фондови да ги донесат Халанд во Барселона, а клубот во иднина да го отплати долговите.

Допрва ќе се знае дали Лапорта и Барселона воопшто би ја прифатиле оваа понуда зошто и онака се во долг од 1,5 милијарди евра.

ПретходноВИРТУОЗ: На денешен ден пред 25 години светот “падна“ во фудбалски транс!(ВИДЕО)
СледноГерманците ја оставија соблекувалната во хаос! (ВИДЕО)