Оптимизмот во Милано за обновување на договорот на клучниот фудбалер Френк Кеси се повеќе се намалува. Според „Газета дело Спорт“, клубот веќе се помирил со фактот дека нема да може да го продолжи договорот, кој истекува на крајот од оваа сезона.
Оттаму му беше понудена плата од над 6 милиони евра, додека играчот инсистира на повеќе од 8 милиони евра годишно. „Кориере дела Сера“, пак, пишува дека неговиот агент, Атангана, го понудил фудбалерот на градскиот ривал Интер, кој во минатото имаше интерес за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.
За Кеси како интересент се споменува и Барселона, но и ПСЖ, Ливерпул и Манчестер Ј.