Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг нема да игра ниту да тренира со тимот додека не се вакцинира, објави генералниот директор, Шон Маркс. Тоа ќе биде така, како што рече Маркс, се додека не успее да му помогне на тимот со полн капацитет.
Во Њујорк, тој не смее да влезе во сала без доказ за вакцинација, а Ирвинг одбива да се вакцинира.
„Имајќи ја предвид природата на ситуацијата и по темелно разгледување, одлучивме дека Кајри Ирвинг нема да игра и да тренира со тимот додека не може целосно да биде со тимот. Кајри донесе лична одлука, ние го почитуваме неговото индивидуално право на избор. Во моментов, неговиот избор ја ограничува можноста да биде полноправен член на тимот и нема да дозволиме член на нашиот тим да не биде секогаш достапен“, рече Маркс.