Поранешната Американска атлетичарка Мери Кеин го тужи нејзиниот поранешен тренер, Алберт Суарез но и компанијата за производство на спортска опрема Најк со тужба вредна 20 милиони долари.
Причината поради која Кеин се одлучи на ваков потег, е како што самата вели тортурата која ја доживеала изминатите години, од страна на тренерот, но и непосредно од компанијата која што била покровител на проектот Најк Орегон, а во кој што Кеин и самата учевствувала.
Таа вели дека со години била подложна на тортура, на нехуман третман од страна на нејзиниот тренер, на присилно губење на килажа на неприроден начин, со што таа претрпела физички но и психички пореметувања. Добивача и нагони за самоубиство, па затоа се решила на ваков потег. Во меѓувреме самиот тренер е суспендиран поради попречување на допинг тестирања, а самиот проект е затворен во 2019 година.