Никогаш доста од пари, никогаш доста од многу, многу пари. Така е и со ПСЖ. Па така КСИ, или катарскиот спортски инвестициски фонд, зад кого стои Насер Ал – Келаифи, пред неколку денови уплатил или “вбризгал“ во касата на ПСЖ дури 171 милиони евра. Со што сега буџетот на клубот ќе изнесува 511 милиони евра.
Целата „операција“, како што пренесуваат француските медиуми, е изведена на 5 октомври. Овие пари се внесени во клупската каса со цел да се покријат загубите со кои клубот се соочува во последните две години и тоа најмноги поради корона – кризата.
За минатата сезона тие изнесувале 125 милиони евра, додека за оваа бројката сигурно ќе биде уште поголема. Инаку ова не е првпат Ал-Келаифи да вбризгува пари во касата на клубот. Тоа се случило и кога ПСЖ ги купуваше Нејмар и Мбапе.