МЗТ Скопје одигра катастрофално против Рогашка, наместо две победи, актуелниот македонски првак вечерва беше поразен, и тоа убедливо со 80-64. Во „сино-белите“ редови не функционираше буквално ништо.
Дарко Радуловиќ по мечот го призна поразот, потенцира дека неговите момци мора да го сменат пристапот, бидејќи во иднина лошо им се пишува.
„На овој меч се беше проблем, немавме решение за транзицијата, немавме скок..Ги предупредив кошаркарите пред мечот дека не треба да го потценат противникот. Се случи спротивното, бевме растеретени, додека Рогашка ни одржа лекција по кошарка, како се игра, како се бори. Она што ние го покажавме против Младост, денеска тие одиграа на ист начин. Пристапот мора да се пормени, инаку ќе имаме проблем“, изјави Дарко Радуловиќ.
МЗТ Скопје со победа и пораз го завршува турнирот на Златибор, следниот се игра на почетокот на ноември.