Бразил го прегази Уругвај, Лаутаро за нова победа на Аргентина

258

Рано утринава во 12. коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во фудбал 2022 година, бразилската репрезентација го совлада Уругвај со убедливи 4:1. Средбата се одигра на стадионот „Арена Амазонија“ во Манаус, а „кариоките“ потврдија дека е убедливо најдобриот тим од овој дел од светот.

Фудбалерот на Лидс Ј., Рафиња постигна два од четирите гола за Бразилците, додека по еден беше дело на Нејмар и Габриел Барбоса. Напаѓачот на ПСЖ, освен постигнатиот гол, подели и две асистенции.

Единствениот гол за Уругвај го постигна Луис Суарез .

Бразилците со 31 бод по 11 натпревари продолжуваат како лидери на табелата, пред Артгентина која заостанува шест бода, иако синоќа минимално со 1:0 славеше над Перу. Единствениот гол за „гаучосите“ беше дело на Лаутаро Мартинез во првото полувреме.

Чиле стигна до втората последователна победа и се проби до 6. место на табелата. Чилеанците беа подобри од Венецуела со 3:0. Претходно, Боливија го прегази Парагвај со 4:0, додека Колумбија и Еквадор одиграа без голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноАлкалоид “пука” 50-ки како од шега
СледноСтерлинг: Искрено, размислувам да го напуштам Сити