Девојката која предизвика инцидент на „Тур Де Франс“ пробала да избега, но ја фатија и осудија

187

Девојката која предизвика масовен пад на велосипедисти на овогодинешниот Тур де Франс, е осудена за ненамерно предизвикување повреди и загрозување животи, и беше казнета со 15.000 евра и доби условна затворска казна од четири месеци, објави судот во Франција.

На 26 јуни, 31-годишна навивачка предизвика вистински хаос во првата етапа на Тур де Франс, кога караван со велосипедисти удри во неа која стоеше со траспарент на самата патека.

Во инцидентот беа повредени најмалку 21 лице, а двајца мораа да ја завршат трката. Навивачката потоа се обидела да избега од Франција, но на крајот е пронајдена и обвинета. Таа ќе ја отслужи казната со општокорисна работа, и би можела да заврши во затвор доколку повторно направи сличен престап во Франција.

ПретходноМу „избегал“ авионот за Флорида, па си доби клупска суспензија
СледноКениската полиција го фатила сопругот кој ја уби атлетичарката Агнес Тироп