Шеснаесет фудбалери од Јужна Америка „висат“ за Премиер лигата викендов

194

Заврши колото од јужноамериканските квалификации за следниот Мундијал, но проблем за многуте фудбалери кои настапија за своите национални тимови станува враќањето во Европа.

Дел од Премиерлигашите се здружија за да ги вратат своите фудбалери во еден чарстер авион, но реално за дел од  нив прекратко ќе биде времето за да настапат викендов.

Тоа пред се се мисли на Алисон односно Фабињо кои тешко дека ќе можат да настапат за својот Ливерпул со оглед на фактот што мечот против Ватфорд се игра в сабота од 13:30.

„Тешко дека ќе можеме да стигнеме навреме за мечот против Ватфорд. Затоа клубот ја разгледува можноста да не испрати директно за Мадрид каде што го играме мечот против Атлетико во вторник во рамките од Лигата на Шампионите“ – изјави Фабињо

ПретходноМИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ВРЕДЕН 1.311.293 ДЕНАРИ ОСВОИ КИРО ОД ДЕЛЧЕВО
СледноРондо „кај гледаш бе дечко“…. (ВИДЕО)