Венгер има нова идеја: Судиите да имаат свои прес-конференции по секој натпревар

112

Откако стана најголем поборник на идејата за организација на Светски првенства на секои две години, Арсен Венгер, кој е шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА, дојде до идеја, судиите да имаат свои прес-конференции по натпреварите на кои судат.

„Ако судиите имаат можност да се објаснат по натпреварите какви биле нивните одлуки, тоа ќе ги избегне несогласувања и ќе ги затвори дискусиите пред се да излезе во јавноста. Треба да побараме поддршка од судиите по ова прашање. Не знам во каква состојба се тие по натпреварите и дали се подготвени да го кажат своето мислење за одредени епизоди“, изјавил Венгер.

ПретходноКуман: Уф, конечно и јас два дена да спијам мирно
СледноДарко од Охрид, од верен играч на 2win, до сопственик на нов скутер