Менаџерот на Њукасл не се предава: Нема да си заминам кога е најтешко

165

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус рече дека го разбира разочарувањето на, но тоа не значи дека има намера да ја напушти функцијата.

“Не е лесно. Го разбирам разочарувањето на навивачите и знам како тие се чувствуваат долго време. Без разлика кој е на клупата, мора да се преземе одговорност. Мора да ги прашате другите за ова. Никогаш не би заминал кога е најтешко. Можеби ќе го направев тоа кога имав подобра шанса, но никогаш нема да заминам кога е тешко и кога сме во зоната за испаѓање. Тоа не сум јас“, рече Брус.

Во оваа фаза, се чини многу веројатно е дека менаџерот на „страчките“ ќе замине, затоа што во очите на новите сопственици на Њукасл, тој нема капацитет за да го води клубот. Прашање на време е кога ќе добие отказ.

ПретходноБензема со изненадувачка изјава за „Златната топка“
СледноБарса може да го загуби и Ансу Фати, ако продолжи со неразумни клаузули во неговиот договор