Анчелоти: Реал никогаш повеќе нема да игра во систем 4-4-2

348

Анчелоти: Реал никогаш повеќе нема да игра 4-4-2

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти нагласи дека неговиот тим до крајот на сезоната ќе игра во формација 4-3-3. Италијанецот проба да импровизира во формација 4-4-2 на мечот со Еспањол и тоа скапо го чинеше. Тимот од Барселона славеше со 2:1.

Пробавме да играме 4-4-2 како против Еспањол, но очајно се браневме и работите не одеа како што сакавме. Идејата е јасна – овој тим мора да игра 4-3-3. Тоа е идеален систем за состав кој го имаме на располагање“, рече Анчелоти во пресрет на мечот со Шахтјор во ЛШ (вторник, 21:00 ч.)

Италијанскиот стручњак одговори и на прашањето за повредата на Еден Азар.

Азар е уморен од повреди и проблеми, но наскоро се враќа. Ќе видима дали ќе биде спремен за мечот со Барселона или Осасуна“, посочи Анчелоти.

ПретходноМЗТ славеше кај Еуроникел, Пелистер преку Феникс до третата победа
СледноБорха во 89. минута му донесе победа на Бетис на „Мендисороса“ (видео)