ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Николов и Шериф на „Меаца“ одат по ново чудо

256

Дебитантот Шериф е вистински хит во Лигата на шампионите затоа што запиша две победи во првите две кола и води на табелата во групата Д. Го победи Шахтјор во првото коло, а сензационална победа беше онаа над Реал Мадрид на „Бернабеу“ со 2:1, а ако се погледне севкупно молдавскиот шампион нема пораз на 19 меча во сите натпреварувања (16 победи и три ремија).

Интер е на третата позиција на табелата со само бод освоен бод и без даден гол што значи дека мора да победат вечерва на свој терен за да ги сочуваат шансите за пласман во осминафиналето. „Нероаѕурите“ изгубија од Лацио во саботата што е мал психолошки притисок пред вечерашниот дуел.

Инаку ова е прв меѓусебен дуел помеѓу Интер и Шериф. Што се однесува до здравствениот билтен Интер ќе нема помош од повредените Ериксен и Сенси, додека кај Шериф недостапен е Белоусов поради повреда. Бобан Николов е здрав и спремен да игра.

На другиот меч од оваа група Шахтјор ќе оди на трета победа по ред над Реал Мадрид. Интересно ќе биде во Мадрид каде играат Атлетико и Ливерпул како и во Амстердам каде се очекуваат голови од две офанзивни екипи Ајакс и Борусија Дортмунд.

ВЕЧЕРВА ИГРААТ

ГРУПА А
КЛУБ БРИЖ – МАНЧЕСТЕР СИТИ              18:45 ч.
ПСЖ – ЛАЈПЦИГ               21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б
АТЛЕТИКО – ЛИВЕРПУЛ               21:00 ч.
ПОРТО – МИЛАН             21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц
БЕШИКТАШ – СПОРТИНГ             18:45 ч.
АЈАКС – БОРУСИЈА Д.    21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д
ШАХТЈОР – РЕАЛ МАДРИД        21:00 ч.
ИНТЕР – ШЕРИФ               21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИХФ прогласи гол на Ристовска за најатрактивен во ЛШ (видео)
СледноНавивачите се собраа на аеродромот, Озил им порача: „Не се секирајте, ќе бидеме шампиони“