Касано: Дада, Роналдо е најдобар, веднаш зад Наполеон Бонапарта….

216

Антонио Касано како и секогаш кога ќе се појави во јавноста прави тој да биде во центарот на вниманието и да биде коментиран како ретко кој екс фудбалер.

Касано беше гостин во емисијата на Бобо Виери, и нормално запрашан за повеќе теми даде интересни и „шоу“ одговори. Особено одговорот за Кристијано Роналдо, и изјавата на неговиот менаџер Мендеш дека Кристијано е најдобриот на сите времиња.

„Како не… Роналдо е најдобар веднаш по Наполеон Бонапарта“ – изјави Касано со огромна доза на иронија па додаде.

„Роналдо не е ниту во топ пет. Пред него се Пеле, Марадона, Кројф, бразилскиот Роналдо, Меси. Тоа се играчи кои се на сосема поинакво ниво“ – на што Виери му рече дека Кројф, би го заменил со Ван Бастен.

 

ПретходноМарка: Бaрса го сака Стерлинг но нема 80 милиони за да го плати
СледноБарселона објави како ќе изгледа новиот Ноу Камп (ВИДЕО)