Манчестер Сити и Спортинг (Л) имаат одлична предност по првиот дел на денешните воведни средби од 3. коло во ЛШ. „Граѓаните“ водат со 2:0 во Белгија, додека Спортинг има високи 3:1 на гости во Истанбул.
Манчестер Сити во поголемиот дел од првото полувреме беше подобар тим. Гостите имаа неколку изгледни можности за гол, но шансата да поведат ја дочекаа дури во 30. минута, кога Кансело одлично реагираше во противничкиот шеснаесетник и погоди за 1:0.
Во завршницата на првиот дел првото полувреме, „граѓаните“ добија и пенал кој Ријад Марез го претвори во водство од 2:0.
Многу повозбудливо беше првото полувреме во Истанбул. Таму гостите го имаа фантастичниот капитен Коатес, кој иако е централен стопер, успеа двапати да ја затресе мрежата на Ерсин. Прво во 15. минута за водство од 1:0, по што домашните преку Ларин во 24. израмнија на 1:1, па потоа и во 27. минута кога по вторпат им обезбеди предност на гостите.
Во самата завршница на првиот дел, Вида играше со рака, судијата покажа на белата точка, а Сарабијам погоди за конечни 3:1 за Португалците по првите 45. минути.