Со втората сезонска победа во Лигата на шампионите, англискиот првак Манчестер Сити го запоседна врвот во групата „А“. Вечерва на гостувањето кај Бриж, момците на Пеп Гвардиола лесно и рутинирано обезбедија висока победа од 5:1 со што само ги потврдија најавите дека се големи фаворити оваа сезона.
Во првиот дел гостите водеа со 2:0 со головите на Кансело (30’) и Марез (п. 43’), за во второто полувреме да постигна уште два во првите дваесетина минути (Вокер (53’) и Палмер (67’) со што дојдоа до високи 4:0. Домашните преку Ванакен во 81. минута намалија на 1:4, но конечните 5:1 за Сити ги постави Марез со својот втор погодок во 84. минута.
Во мечот од групата „Ц“, Бешикташ на домашен терен беше совладан од Спортинг (Л) со 4:1. Гостите доминираа уште во првиот дел, кога ги постигнаа првите три гола. Првите два беа на дефанзивецот Коатес (15’ и 27’), а третиот од пенал дело на Сарабија. Единствениот гол за Бешикташ го постигна Ларин.
Во завршницата на мечот Паулињо ги постави конечните 4:1. Турците и по третиот меч останаа без освоен бод во групата.