Првото полувреме од шесте вечерашни пресметки во 3. коло од сегментот А-Д во Лигата на шампионите ни донесе извонредно дерби во Мадрид. На „Ванда Метрополитано“, Атлетико (М) и Ливерпул понудија полувреме за паметење.
Гостите за 12 минути поведоа со 2:0 со извонредните голови на Салах и Кеита, но домашните не само што не се предадоа, тука возвратија со двојна сила и со двата гола на Гризман до 34. минута веќе успеаја да се вратат во егал за 2:2.
ПСЖ со голот на Мбапе имаше водство против Јапциг во Париз, но упорните гости успеаја да израмнат преку Андре Силва, а потоа и да имаат уште една 100% шанса преку Нкунку за втор гол. За среќа на парижани на одмор се замина со 1:1.
Интер благодарение на Един Џеко на пауза води против Шериф на нашиот Николов со 1:0, кој, пак, почна на клупата за гостите. Минимална предност има и Реал (М) кај Шахтјор и тоа само поради автоголот на Кривцов.
Ајакс одигра одлично прво полувреме против Борусија (Д) и води со 2:0 пред своите фанови.
Група А
Клуб Бриж – Манчестер Сити 1:5
ПСЖ – Лајпциг (1:1)
Група Б
Ателико Мадрид – Ливерпул (2:2)
Порто – Милан (0:0)
Група Ц
Бешикташ – Спортинг Л. 1:4
Ајакс – Борусија Д. (2:0)
Група Д
Шахтјор Д. – Реал Мадрид (0:1)
Интер – Шериф Тираспол (1:0)