По синоќешните возбудливи и исклучително богати со голови осум меча од сегментот А-Д во Лигата на шампионите на УЕФА, вечерва не очекуваат нови 8 натпревари од третото коло во групната фаза. Во еден од првите два меча закажани од 18.45 часот, Барселона е домаќин на Динамо (К) и ќе мора да дојде до победа за да ги задржи шансите за пласман во четвртфиналето. Каталонците започнаа со два порази, но охрабрувачка е победата од последното коло во Ла Лига кога против Валенсија момците на Куман одиграа одлично, што им дава дополнителна самодоверба пред денешниот меч. Во другиот натпревар од групата „Е“, Баерн (М) ќе гостува кај Бенфика во меч во кој Баварците се големи фаворити. Тие ги добија своите први два натпревари со гол разлика 8:0 и со евентуален нов успех во голема мера ќе го обезбедат своето учество во директните елиминации.
Во групата „Ф“, Манчестер Јунајтед е домаќин на Аталанта. „Црвените ѓаволи“ се во лоша форма, но немаат право на грешка, бидејќи веќе загубија од Јанг Бојс во првото коло и ризикуваат да ја закомпликуваат битката за пласман во четвртфиналето. Единствениот тим во групата без победа Виљареал, вечерва гостува кај Јанг Бојс.
Европскиот шампион Челзи мора да го надомести поразот од Јувентус токму вечерва на домашен терен против Малме и секој резултат освен победа на домашен терен ќе биде сензација. Во исто време, Јувентус ќе гостува кај Зенит во обид да се задржи на прво место. Зенит е силен на домашен терен и тоа е еден од факторите во кој веруваат руските фанови.
Во групата Г, сите екипи имаат шанса да продолжат напред. Со 4 бода РБ Салцбург е лиде рво групата и вечерва на домашен терен го пречекува Волфсбург, кој поради позитивниот ковид тест нема да смета на еден од своите најдобри фудбалери, Вегхорст. Лил, пак, ќе мора да победи против Севиља на домашен терен доколку не сакаат да заостанат зад своите конкуренти во трката за место во фазата на елиминации. Андалузијците досега имаа две ремија и исто така ќе сакаат прва победа.