Милан Павков нема да биде дел од експедицијата на Црвена Звезда која гостува во рамките од Лигата на Европа кај дански, Митјиланд. Напаѓачот е позитивен на Кови 19 и остана во Белград. Нормално веднаш е ставен во изолација, и на понатамошен третман.
Црвена Звезда има одличен старт на европската авантура оваа есен, има две победи од два меча, а доколку обезбеди и во Данска поволен резултат, тогаш шансите да обезбеди втора фаза се и тоа како реални.