Екипата на Манчестер Јунајтед вечерва во рамките од Лигата на Шампионите на домашен терен ја пречекува екипата на Аталанта. Во некои нормални резултатски времиња за Јунајтед ова не би било никаков проблем, но со оглед на фактот што изминатиот викенд беше доживеан пораз од Лестер со 4:2 на гости, тогаш и гостување на Аталанта на Олд Трафорд не смее да се земе здраво за готово.
Токму затоа, Кристијано Роналдо објави на социјалните мрежи мотивациска порака до своите соиграчи која гласи.
„Доаѓа нашето време. Мораме да покажеме од што сме создадени и Лигата на шампионите е совршено место за докажување пред светот. Нема оправдувања! Ајде да го сториме тоа! “ – напиша Роналдо.