Мегваер: Навивачите не натераа да веруваме во победата

211

Манчестер Јунајтед направи неверојатен пресврт на мечот со Аталанта на домашен терен. На полувреме „Ѓаволите“ губеа со 0:2, а во второто полувреме го свртеа резултатот во своја корист. Победија со 3:2 со головите на Рашфорд, Мегваер и Роналдо.

Дефанзивецот Мегваер зборуваше за мечот:

Во првото полувреме наивно примивме два гола. Тие не фатија неспремни при првиот, а потоа ни дадоа уште еден по прекин. Моравме да реагираме подобри при тој гол. Направивме многу шанси во првиот дел и кога дојде полувреме знаевме дека следниот гол ќе биде решавачки. Постигнавме гол, го намаливме резултатот и некако натаму одеше полесно. Точно не е лесно да се направи пресврт, но ние успеавме во тоа. Јас дадов еден гол што е мој прв сезонава и во ЛШ. Горд сум што и мојата фамилија беше на стадионот и го виде овој неверојатен натпревар. Покажавме единство во второто полувреме, а навивачите кои ни аплаудираа кога излегувавме на теренот ни ја кренаа самодовербата и практично не водеа до победата.

Напорно работиме да се подобриме, а штета што на последните три – четири натпревари примаме голови од прекин. Мораме да најдеме начин да го решиме тој проблем“, изјави Мегваер.

ПретходноБорче Христов си замина од Борец!
СледноСослкјер откри што им рекол на играчите на полувреме на мечот со Аталанта