Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер по победата над Аталанта со 3:2 беше пресреќен од реакцијата на фудбалерите по негативата од 0:2 во првиот дел.
„Игравме добро и во првото полувреме, а тие имаа две шанси и дадоа два гола. Често ни се случува ова и мораме да се погрижиме тоа да престане.
На полувреме им реков на играчите да се потрудат први да дадат гол затоа што ако дадат ќе победиме. Тоа и се случи.
Почитувајте ги играчите. Тие играат за Манчестер Јунајтед и знаат дека се најсреќните луѓе на светот. Вечерва се најсреќните луѓе на светот затоа што го носат дресот на Манчестер Јунајтед. Многу момчиња и девојчиња сонуваат да заиграат за овој клуб“, изјави Солскјер.