Големата надеж на Барселона, тинејџерот Ансу Фати денеска и официјално го потпиша новиот договор со клубот од Ноу Камп кој е со траење до 2027 година.
Тинејџерот според многумина во Барселона е индината на клубот, заедно со Педри и затоа се инсистираше на нивен нов потпис, односно заверка на довербата на долгорочен период.
Се успеа во тоа, и за обајцата откупмата клаузула е една милијарда евра, а Фати очигледно дека на Ноу Камп ќе докажува дека огромниот талент кој го поседува ќе треба да биде преточен во успеси на индивидуално но и колективно ниво.