Руските власти, поточно оние кои се надлежни за главниот град Москва, донесоа одлука која вели дека во следните десет дена во оваа метропола не смее да се одржи ниту еден спортски настан без посебна дозвола на надлежните органи.
Оваа одлука е донесена на база на последниот развој на настаните, односно огромниот број на заразени од коронавирусот, бројка која достигна преку 36.000 во текот на вчерашниот ден, и близу 1000 починати.
Сутацијата е слична во речиси целата земја, но и покрај тоа гледачи на спортските настани кои ќе бидат дозволени ќе бидат присутни, но со негативен ПЦР тест.