ЛЕ: Ристовски и Динамо (З) поразени во Виена, Ц. Звезда непоразена и во Данска

108

Фудбалерите на Динамо (З) се враќаат поразени од Виена во мечот од 3. коло во групната фаза од Лигата на Европа. Стефан Ристовски кој беше стартер за хрватскиот шампион, одигра 75. минути пред да биде заменет во поразот на загрепските модри од 2:1.

Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Рапид поведе со голот на Грил во 9. минута, по што Оршиќ успеа да израмни во 24. минута. Само десет минути подоцна, Австријците повторно погодија, овој пат преку Хофман за 2:1.

Црвена Звезда мораше да се задоволи самос о бод на гостувањето во Данска. Дуелот со Мидтјиланд заврши нерешено 1:1, иако момците на Дејан Станковиќ поведоа со голот на Иваниќ во 58. минута и имаа предност се до 78. минута, кога домашните преку Дир дојдоа до бод.

ЛИГА НА ЕВРОПА

3-КОЛО

ГРУПА А

Ренџерс – Брондби

Спарта (П) – Лион

ГРУПА Б

ПСВ – Монако

Штурм – Реал Сосиедад

ГРУПА Ц

Наполи – Легија

ГРУПА Д

Фенербахче – Антверпен 2:2

Ајнтрајхт (Ф) – Олимпијакос

ГРУПА Е

Лацио – Олимпик (М)  0:0

Локомотив М. – Галатасараj

ГРУПА Ф

Мидтјиланд – Ц. Звезда 1:1

Лудогорец – Брага 0:1

ГРУПА Г

Бетис – Баер (Л) 1:1

ГРУПА Х

Рапид (В) – Динамо (З) 2:1

Вест Хем – Генк

ПретходноНеверојатно: Барса му нуди на Мбапе 90 милиони евра само за потпис!
СледноКЛ: Тотален дебакл на Рома, Мурињо не памети ваков срам (ВИДЕО)