КЛ: Тотален дебакл на Рома, Мурињо не памети ваков срам (ВИДЕО)

229

„Специјалниот“ одамна не памети дека некој тим под негово водство бил вака посрамен како вечерва Рома во Норвешка. На меч од 3. коло во УЕФА Конференциската лига, италијанскиот великан загуби од Бодо со неверојатни 6:1.

Дека Норвежаните не се шегуваат покажаа уште во првите 20 минути кога поведоа со 2:0. Надежта на Рома ја врати Карлез Перез со голот во 28. минута за 2:1, но по паузата место Рома да тргне во пресврт, домашните му приредија вистински дебакл на Мурињо. Со уште четири гола во мрежата на Руи Патрисио, норвешкиот состав ја обезбеди една од најголемите победи во својата клупска историја.

Од фаворитите, ништо подобро не мина ни Тотенхем, кој беше поразен со 1:0 на гостувањето во Холандија кај Витесе.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

3-КОЛО

ГРУПА А

Хелсинки – Макаби ТА 0:5

Алашкерт – ЛАСК 0:3

ГРУПА Б

Анортозис – Флора 2:2

Партизан – Гент

ГРУПА Ц

Бодо – Рома 6:1

ЦСКА (С) – Зорија

ГРУПА Д

Клуж – АЗ Алкмар

Јаблонец – Рандерс

ГРУПА Е

Феенорд – Унион Берлин 3:1

Макаби Х. – Славија (П) 1:0

ГРУПА Ф

Копенхаген – ПАОК 1:2

Слован – Линколн РИ

ГРУПА Г

Мура – Рен 1:2

Витесе – Тотенхем 1:0

ГРУПА Х

Карабах – Каират А. 2:1

Базел – Омонија

ПретходноЛЕ: Ристовски и Динамо (З) поразени во Виена, Ц. Звезда непоразена и во Данска
СледноКузмановски со пет погодока за втора победа на Хановер