Еден меч од француската Лига 1 ќе се игра во Кина?

172

Француската лига има намера да одигра првенствен натпревар во Кина. Според информациите, станува збор за мечот меѓу Монако и Лион кој треба да се одигра во рамките на 23 коло од француската Лига 1.

Според најавите, дуелот би се одиграл на 5 февруари 2022 година, а и двата клуба се согласиле да патуваат за Кина. Тоа би бил прв првенствен натпревар од која било европска лига на друг континент, со оглед на тоа што досега се одиграни само пријателски или оние од Суперкупот.

Француската лига сака да излезе на меѓународниот пазар бидејќи приходите од нејзините меѓународни ТВ права се сè уште многу ниски во споредба со другите големи европски лиги. Натпреварот би се играл во Шангај, а претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола разговарал за тоа минатата сабота со сопственикот на Монако, Олег Петер.

ПретходноБарса го урна ПСЖ на Раул Гонзалес
СледноЛЕ: Елиф и Наполи со прва победа, Монако во финишот славеше кај ПСВ (ВИДЕО)