Рамос почнува со тренинзи, дебито за ПСЖ следната недела

107

Дебито на Серхио Рамос за ПСЖ изгледа се поблиску. Шпанскиот дефанзивец веќе подолго време се опоравува од повредата, но веќе е подготвен за настап. Планирано е дефанзивецот да тренира на исто ниво со своите соиграчи од почетокот на следната недела.

Доколку Рамос не чувствува болка и успее да ги одржи сите тренинзи до мечот со Лил на 29 октомври, тогаш би можел да добие минутажа за игра од тренерот Маурисио Покетино, пишува „Ле Паризиен“.

ПретходноКЛ: Партизан минимално поразен од Гент во Белград
СледноДалас и Милвоки доживеаја вистински бродолом (ВИДЕО)