Со конечен резултат од 83:80, тимот на Феникс успеа да слави над тимот на Ангели во домашниот кошаркарски шампионат, и тоа во дополнителни пет минути продолжение.
Регуларниот дел од мечот зарши со резултат 74:74 и тоа благодарение на Митревски и Кларк кои постигнаа тројки за егал односно дополнителни 5 минути.
Токму младиот репрезентативец, Андреј Митревски, беше херојот на Феникс 2010. На секунда пред крајот, погоди уште една тројка, за свој 23.поен, но што е поважно, втора победа за Феникс 2010 во четири кола од Првата лига.