Ватфорд со Раниери го понижи Евертон на “Гудисон“!

251

Ете што значи да се има добар тренер. Попладнево тоа го покажа Ватфорд на најдобар можен начин. Клаудио Раниери и неговите момци среде “Гудисон“ со 2:5 го победија фаворизираниот Евертон на Рафа Бенитез. Ова беше меч од 9.коло во Премиер – лигата. Сепак “карамелите“ поведоа уште во 3.минута со голот на Дејвис, за да Кинг десет минути подоцна успеа да израмни. Ришарлисон во 63.минута одново носи водство на Евертон, но потоа следуваше вистинска канонада на Ватфорд. Па така за 13 минути, од 78. до 91. минута гостите постигнаа четири голови и на крај победија со неверојатни 2:5. Куцка, Кинг, ша уште еднаш Кинг, значи хетрик, и на крај Денис за конечни 2:5. Какви 13 минути за четата на Раниери? Фантастични…

Кристал Палас и Њукасл ги поделија бодовите играјќи 1:1, Лидс и Вулфс мечот го завршија со ист резултат, домашните се спасија од пораз во 93.минута и тоа од пенал.

Без победник заврши и средбата меѓу Саутемптон и Барнли, кој заврши 2:2.

Претходно„Горчлива“ победа на МЗТ Скопје, се повреди Бојан Крстевски (ФОТО)
СледноФисник Нухиу: Ние денеска не загубивме од Шкупи туку од судијата Стојчевски!