Утре за Лацио ќе дебитира правнукот на Мусолини!

1439

Одамна е познато дека фановите на Лацио “кокетираат“ со фашизмот. Има многу примери низ историјата. Но што ќе каже јавноста во талија и во Европа по денешната одлука на тренерот на „“лацијалите“ Маурицио Сари, кој го повика Романо Флориани Мусолини, правнукот на Бенито Мусолини, за мечот со Верона.

Малиот има само 18 години и утре на гостувањето кај Верона би требало да го има своето деби во дресот на Лацио. Тој одамна е во школата на овој клуб, но засега нема официјален настап за тимот од Рим.

Секако дека попладнево ова беше ударна вест во фудбалска Италија, а кој знае што ќе биде утре на стадионот “Бентегоди“ во Верона.

ФОТО: Twitter

ПретходноАкадемија ФМП ја продлабочи кризата во Еуро Никел
СледноЕвропскиот првак на колена пред Сара Ристовска и ЦСКА