Димитријевиќ со кош во последните секунди и донесе триумф на Валенсија

344

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ имаше фантастичен настап за Валенсија во триумфот над Морабанк Андора во најсилната шпанска кошаркарска лига. Валенсија имаше доста проблеми со тимот од Андора затоа што губеше, потоа направи пресврт и долго време имаше водство за во финишот да стравува за триумфот. Валенсија победи со 76:75 на ова гостување, а Димитријевиќ даде 14 коша имаше и 6 скокови и 2 асистенции за нецели 28 минути игра. Токму со кош на нашиот репрезентативец во последните секунди од мечот Валенсија дојде до овој значаен триумф.

Валенсија по 7 кола е на шестото место со скор од 4 победи и 3 порази.

ПретходноИграч на Валенсија збесна по ремито со Мајорка: Не дојдов да се борам за 10-то место!
СледноМилан победи деветмина од Болоња, Ибрахимовиќ си постигна автогол (видео)