Понижување до бескрај, Јунајтед загуби 0:5, Ван Де Бек тренира на празниот Олд Трафорд

587

Што ли размислува холандскиот интернационалец Дони Ван Де Бек во моментов. Неделното дерби на неговиот тим Манчестер Јунајтед против Ливерпул на домашен терен заврши со 0:5, дебакл кој ќе се помни со децении.

Холанѓанецот не беше дел од овој срам, остана на клупата, а по мечот, одработи тренинг сам пред празните трибни, и на теренот каде што се случи срамот од Ливерпул.

Тој е професионалец, нормално дека ќе работи она што ќе му се каже, но дали еден од најквалитетните млади фудбалери на светот, заслужува ваков третман од страна на Солскјер, менаџерот на Јунајтед кој очигледно со секој потег одново покажува дека нема повеќе кредибилитет да го води еден од најголемите клубови на светот.

 

ПретходноПовредата на Кеита не е сериозна, Милнер паузира неколку недели
СледноКугларите убедливо совладани и од Србија на СП во Полска