Марко Верати повторно се повреди. Италијанскиот репрезентативец се почесто е на листата на повредени кај ПСЖ и многу ретко успева да врза серија натпревари на теренот.
Верати сега е повторно повреден и денеска пристигна потврда дека ќе мора да паузира околу еден месец. Тој ќе го пропушти гостувањето кај РБ Лајпциг во Лигата на шампионите , но и неколку меча во Лига 1.