Бордот на директори на Манчестер Јунајтед донесе одлука во врска со статусот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Според информациите на англиските медиуми, Оле ќе го води Јунајтед и на натпреварот против Тотенхем в сабота и покрај тешкиот пораз во дербито против Ливерпул (0:5) минатиот викенд.
Сепак, далеку од тоа дека неговото место на клупата е сигурно, затоа што пресудни ќе бидат претстојните натпревари. Одлуката да му го „продолжат“ мандатот на клупата на „црвените ѓаволи“, луѓето од Бордот ја донеле по доаѓањето на Сер Алекс Фергусон во тренинг центарот во Карингтон.