Супер најава од Лондон: Финалето на ЕУРО пред 90.000 гледачи?

177

Добри вести од Островот доаѓаат утринава. Имено според најавите, би можело лесно да се случи финалето на ЕУРО, на кое учествува и Македонија, да се игра пред полни трибини. И тоа во Лондон на Вембли и тоа пред максимални 90.000 гледачи.

Познато е дека УЕФА им остави на градовите домаќини тие самите да ја регулираат бројката на фанови кои ќе бидат пуштени на стадионите. Познато е дека во Лондон на Вембли на 11 јули се игра големото финале, а властите во В. Британија за тој меч предвидоа да има 45.000 гледачи. Но ако до 21 јуни бројките на заразени со Ковид-19 и натаму паѓаат, ако дотогаш се излезе од сите рестрикции, тогаш би можело да се пуштат на финалите и максималните 90.000 гледачи.

ПретходноIN MEMORIAM: Почина Војислав Зивчевиќ – Тумба (1961-2021)
СледноБлагоја Милевски го објави списокот за Словенија